Метеоролозите со најнови прогнози: Кога ќе падне првиот снег во Скопје

0

Оние кои уживаат во снегот оваа година ќе се изначекаат да го видат во главниот град.

Снежни врнежи според прогнозите на подолг рок во главниот град може да се очекуваат некаде во втората половина на наредниот месец.

По натпросечно високите температури кои ќе се задржат и наредната недела кон средината на месецот се најавува заладување кое до крајот на ноември ќе ги спушти температурите и под просекот за овој период.

Слично време се очекува и кон крајот на месецот и почетокот на идниот кога утрата редовно ќе бидат во минус а дневните температури нема да се качат над 8 степени.

Во втората половина на декември се најавува продор на влажна маса која во комбинација со температурите кои веќе во текот на денот ретко ќе надминуваат 3 степени може да услови снежни врнежи.

Влажно време според прогнозите не чека и за новогодишните и божиќните празници

Претходна статијаФОТО Љубовницата на Мирослав Илиќ: Ме остави бремена во 8 месец
Следна статија„Земете ми ги сите пари, јас само ја бранев мојата чест, семејството и религијата“