Љубовницата на син ми со вештичарење го тргна од жена му и децата – едвај успеав да го спасам

0

Синот кој секогаш беше прав домаќин и си ги сакаше жената и децата, едноставно во неговиот живот влегла жена која се му сврте наопаку и го упропасти. Не можев да поверувам дека синот може да се однесува како без ум.

…Кога таа ноќ син ми се врати дома пијан, првпат посакав да не сум го родила. Беше страшно, почна да ја тепа снаа ми толку крвнички што во прв момент помислив дека ќе ја убие. Прелетав преку скалите кога ја слушнав како вриска. Ја најдов на подот како и удира клоци во стомакот.

Едвај ја одбранив. Застанав пред него, го грабнав за маицата колку можев и му реков “Удри ме мене!”. Само мрачно ме погледна, ништо не рече, ја грабна јакната и излезе на улица. А надвор беше ладно и врнеше дожд.

Се стрчав по него за да го вратам, ама беше доцна. Децата плачеа на глас и ја гушкаа мајка им. Мојот најмлад внук со марамче ја бришеше крвта од лицето на снаа ми, а таа едвај можеше да зборува.

Што можев да направам, се струполив и јас на подот, ми идеше да си ја здробам главата и да си ја откорнам косата. Плачејќи се обидов да и помогнам на снаата да стане и да се измие…-со овие зборови ја започнува својата приказна 57-годишната вдовица Ф.К.

Рано го изгубила сопругот па морала да работи напорно и да биде и мајка и татко. Синот единец бил прекрасен и никогаш не ја изневерил, па дури и кога се оженил не ја напуштил, туку останал со своето семејство да живее под еден кров со мајка си.

Бил голем домаќин и многу си ги сакал жената и децата. Сè се сменило во оној момент кога во неговиот живот влегла друга жена. “Од тогаш сè тргна наопаку”- вели неговата мајка. Од таа кобна ноќ кога ја претепал сопругата и го напуштил семејството, седум дена не знаела ништо за својот син. Не се појавувал ниту на работа.

“Тие седум дена не можев очи да склопам. Осмиот ден се појави пред куќа, зеде некои работи, а ниту мене, ниту жената, ниту децата не нè ни погледна. Ме болеше таквото негово однесување, но сепак ми беше драго што го гледам жив и здрав. Невестата тагуваше, но не се двоеше од мене. Како две најдобри пријателки разговаравме за сè и внимававме на децата да излезат од шокот што го претрпеа онаа ноќ.

Снаа ми разбра дека син ми се вдомил кај некоја љубовница. Тоа беше поголем шок за мене отколку за неа. Се утепа кутрата од плачење ама не ме напушти, таа е голем човек, мајка и борец. Без разлика на болката што и ја нанесе мојот син, таа не сакаше да го уништи семејството, па одлучивме да се бориме за него.

Јас како мајка отидов пред вратата на таа блудница. Ја колнев, ја преколнував да го остави син ми, и’ објаснував дека тој е женет и има две деца, прекрасна жена, дека е потребен дома и треба да се врати. За мое изненадување, таа се сложи дека ќе го пушти син ми и ќе се тргне од него.

Но, тогаш настапија нови проблеми. Неколку дена подоцна од син ми изгубивме секаква трага. Го немаше ниту на работа. Сите не фати паника, па јас, снаа ми и сваќата, сите тргнавме во потрага по него. Некој родителски инстикт ми велеше дека тргнал по лош пат, а во тоа ме увери еден исцелител кај кој појдовме да побараме помош.

-Вашиот син е под тешка магија на својата сегашна љубовница. Во него гледа сè што некогаш посакувала и тешко дека ќе се откаже од него- ми објасни тој. Во животот се среќавав со секакви тешки и неочекувани ситуации кои ме шокирале, но овојпат бев како полиена со ледена вода.

Зар мојот син единец, татко на две деца, во зрели години да прави такви глупости?

Како на крајот ќе реагира снаа ми, дали ќе премине преку ова?!

Зар син ми мисли така лесно да си го напушти семејството и мене? Каде му е паметот?

Бидејќи немаше шанси да го донесеме син ми кај исцелителот како што тој бараше, му однесовме негови алишта. Син ми по два дена се врати дома. Се качи кај мене, ги посети жена му и децата, ама изгледаше ужасно блед и исцрпено, како да боледува од некоја многу тешка болест.

Таа вечер првпат зборев со син ми после толку време. Се противеше, но на крај се сложи да дојде со нас и да спроведе некои третмани. Тешко го поднесе тоа и кога дома се врати, падна во кревет како покосен. А кога се разбуди долго плачеше, плачеше на глас, липаше, почна да не гушка и да бара прошка од сите нас иако не ја заслужува.

Сега сме сите добри, фала му на Бога, владее пак добра атмосфера во семејството. Но иако сите молчиме, тоа што се случи остави длабока лузна кај сите нас.

Превземено со дозвола од порталот nmd.mk

Претходна статијаМладата Бојаџиева иако во инвалидска количка со голема желба и волја стана докторка
Следна статија„Татко ми е политичар – но се срамам да излезам на улица, па дури и моите роднини не ги гледам“