Дарко Лазиќ посакал Новата Година да ја дочека со бремената вереница Марина Гагиќ и родителите во куќата во Брестач.
Доколку неговата здравствена состојба биде подобра, постои голема можност лекарите да го пуштат пејачот на домашно лекување пред новогодишните и Божиќните празници, а потоа повторно да се врати во болница.
-Бидејќи ќе добие второ дете, Дарко сега има сила и волја за борба. Едвај чека да закрепне, да се разведе од Ана Севиќ и да се ожени со вереницата Марина.
Иако се пишуваше дека веќе нема да може да пее, тој веќе пее во болница и планира да се посвети на кариерата – велат извори за српските медиуми.
Српскиот пејач Дарко Лазиќ по тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа, ќе стане татко по втор пат, вели извор близок до семејството. Ваквата информација неодамна ја потврди и мајката на пејачот, Бранка.
Во изјава за медумите Бранка првично ја демнатираше информацијата дека нејзиниот син повторно ќе стане татко, но сега откри дека Марина е во третиот месец во бременоста и дека сите во семејството се пресреќни.
„Не знам како, но јас чувствував, но и Дарко, дека во мене постои живот. Чувствуваме дека наскоро ќе станеме родители. Тоа на Дарко му даде голема сила за да оздрави и голема желба повторно да застане на нозе“ вели свршеницата на пејачката.
Таа вели дека нема типични симпотми поврзани за бременоста. „Немам никакви непријатности. Одлично се чувствувам. Апсолутно, не ми е важно каков ќе биде полот на бебето, нека биде живо и здраво.
Млади сме и најубавите улоги дојдоа во вистинско време, да заборавиме на ужасот низ кој поминавме“ вели Гагиќ. За потсетување, Дарко веќе има една ќерка од бракот со пејачката Ана Севиќ.