Која е Надежда – мајката на Николa Груевски и сестра на првиот министер за внатрешни, Јордан Мијалков

0

Сопругата на избеганиот осуден пратеник и експремиер Никола Груевски Боркица и мајка му Надежда не се со него во Будимпешта, туку се во земјава и тие ѝ дозволиле на полицијата да го бара кај нив, кажа вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција. Тој е доктор на науките во белградскиот Универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет на скопскиот Универзитет.

Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков“-пишува во биографијата на Груевски,поранешен долгогодишен македонски Премиер.

На Груевски секогаш му била важна улогата на неговиот вујко во неговиот живот и кариера.

Современици на Јордан Мијалков кажуваат дека тој многу и помогнал на неговата сестра Надежда, откако таа се развела со таткото на Никола, кога тој бил уште многу мал.

Последен пат, експремиерот Никола Груевски со својата мајка Надежда во јавноста се појави кога го бранеше докторатот.

Тогаш ја немаше неговата сопруга Боркица, но тука беа неговите две ќерки.

Претходна статијаЗа првпат се појави име на уште една држава каде можеби е Груевски, наводно имал и трет пасош
Следна статијаМинистерство за правда: Груевски ќе биде екстрадиран, имаме силен основ