Исповед: Денеска после 12 години брaк првпат го изневерив сопругот

0

Денеска после 12 години брак за прв пат го изневерив сопругот. Овој викенд бев со директорот на еден семинар и ете се случи. Ни сега не можам да верувам, тој е 20 години постар од мене.

Има 52 години, но е неверојатно добар и спремен во кревет. За прв пат го почувствував баш тоа нешто, што не можам да го опишам со зборови. Беше феноменално.

Тој е веќе подолго време разведен и додека лежевме во кревет ми понуди да се разведам од мојот сопруг и да се омажам за него. Му кажав дека озбилно ќе размислам на таа тема.

Искрено овој момент би се омажила за него, бидејќи во неговата прегратка за прв пат се почувствував како дама, се чувствував како целиот свет да е мој, дека можам се што ќе посакам, но малку ме мачат моите две ќерки кои имаат ега 10 и 6 години.

Тие многу се поврзани со мене и со мојот сопруг. Не знам како би реагирале, но од друга страна нема да бидат единствени деца на кои родителите им се разведени. Но, со пари би можело тоа да се надомести.

Навистина не знам… Се наоѓам во бунило.

Ми се дава прилика да уживам во еден нов живот и не смеам да го испуштам тоа.

Извор: Минута

Претходна статијаОсудувањето на другите е директно отпаѓање од Бог
Следна статијаЕкспертот за безбедност Пивоваров: Белизе не е опција за Груевски