Искуство на мама Марина: Болно е, да не се лажеме, но пак ќе издржам се, бидејќи знам дека вреди!

0

“Многу слушав од другите жени за породувањето, но сега кога и сама поминав низ тоа, на сите идни мајки моажм да им кажам една работа: НЕ СЛУШАЈТЕ НИКОЈ”. Прочитајте го искуството на мама Марина, која го победила својот страв од породувањето.

Во бременоста спиев по цел ноќ без проблем се до последен ден. Тие малку мачнини што ги имав првите месеци навистина се занемарливи. Единствен проблем ми претставуваше стравот од породувањето, од таа болка…

Навистина многу се плашев…Плачев кога размислував за тоа…

Имам 27 години, многу слушав од други жени искуства за породувањето. Но сега кога и самата поминав низ тоа, на идните мајки сакам само едно нешто да им кажам: НЕ СЛУШАЈТЕ НИКОЈ!!! ПОРОДУВАЊЕТО ДА Е ТОЛКУ МНОГУ БОЛНО, НИТУ ЕДНА ОД НАС НЕМА ПОВЕЌЕ ДА СЕ ОДЛУЧИ ЗА ВТОРО ИЛИ ТРЕТО ДЕТЕ…

За своето породување не можам да кажам дека беше лесно, но не ми остана во лоши сеќавања. Мојата единствена грешка беше неискуството. Помина една недела од терминот, отидов на термин и ми кажаа дека се е во ред и породувањето да си го чекам дома. Ми рекоа веднаш да се јавам во породилиште ако почувствувам болка или ако имам крварење.

Јас тој ден отидов дома и во текот на ноќта ми се појави крв. Знаев дека породувањето е блиску, но не знав дека е тоа. Во меѓувреме добив и болки за кои знаев дека се лажни, но ме збуни крвта.

Морав да одам во болница, бев исплашена.

Во породилиштето се јавив во 4 наутро, а знаете ли кога се породив? На полноќ. Работата е во тоа што побрзав, а требав да бидам дома и да се одмара, а јас цело време бев на нозе, за се да помине побрзо, па на крај се изморив толку многу што немав сила за да го изгурам бебето.

Контракциите не се толку страшни, страшно е тоа што мислиш на болката цело време. Важно е да бидете опуштени. Природата си го прави своето. Сето тоа е нормално. Боли, да не се лажеме, но пак се би издржала бидејќи знам дека вреди. Ќе родам уште деца.

Секое породудвање е различно, сите ние сме различни. На сите исплашени трудници сакам да им кажам да веруваат во себе и во своето тело, бидејќи тоа знае што треба да прави, само треба да го слушаш како и да ги слушаш лекарите.

Што се однесува до викањето, јас не пуштив ниту глас, бидејќи во моментот на болките мислев само на крајот и давав напор. Со вриштењето само се губи силата. А кога конечно го забележав своето дете, верувајте ми, не почувствував повеќе ништо. Тој мајчински инстикт веднаш почна да работи.

Најтешко од се ми беше депресијата која следуваше после породувањето. Бебето плачеше цело време, често ми беше на градите, раната ме болеше, бев многу слаба без енергија, ненаспиена, нервозна… Ми требаше месец дена за да дојдам во нормала, а исто така и бебето. Кога мама е нервозна и бебето е нервозно.

Сите беа околу мене, ми делеа различни совети, не знаев кого да слушам. Најважно е до раката да ви биде само сопругот или евентулано мајка ви, никој друг, бидејќи ако имате гужва во домот, како што имав јас, нормално е дека ќе биде нервозни. Информации барајте само од стручни лица, а не од баби и тетки. Следете го својот инстикт и уживајте во родителството.

Извор: Минута

Претходна статијаОва е вистинскиот сопруг на Нихан од „Кара севда“ – вака изгледаа на венчавката
Следна статијаПрофесорка заедно со сопругот четири години држеле човек како роб