Груевски повлече нога: Уште еден екс претседател побара политички азил во странска амбасада

0

Ален Гарсија, поранешниот претседател на Перу побарал азил во дипломатската мисија на Уругвај во Лима, само неколку часови откако судијата му го побарал пасошот поради истрага за корупција.

Гарсија во саботата навечер заминал во Амбасадата на Уругвај во главниот град Лима и поднел барање за азил „согласно Конвенцијата за дипломатски азил од 1954 година, на која Перу и Уругвај се земји потписнички“. Молбата „ќе му биде разгледана од Владата на Уругвај“, се наведува во соопштението на перуанското Министерство за надворешни работи.

Судот во Лима инаку претходно го одобрило барање на обвинителот на Гарсија да му се забрани излегувањето од земјата во следните 18 месеци се додека обвинителството ги истражува наводите дека екс претседателот примил мито од бразилскиот градежен гигант „Одебрехта“.

Гарсија, кој повеќе време живее во Шпанија, пристигна во Лима минатата недела, со цел да даде изјава пред обвинител, кој го одложи делото и побара да му биде забрането на поранешниот претседател да ја напушти земјата.

Овој голем скандал довел до апсење на голем број на високи политичари низ села Јужна Америка, посебно во Бразил и Перу. Инаку покрај Гарсија уште двајца екс претседатели Олјант Умала и Алехандро Толедо се под истрага поради примање мито.

Претходна статијаЗаев искрено призна: Јас ги изгубив изборите,се очекува да склучам договор со Грција и Бугарија
Следна статијаМирјана Најчевска: Џганот кој се откажа од историјата на мојот татко, одеднаш се сети за АСНОМ