Заев искрено призна: Јас ги изгубив изборите,се очекува да склучам договор со Грција и Бугарија

0

Конечно момент на искреност од страна на Зоран Заев. Имено во вчерашното интервју претседателот на Владата конечно призна поради која причина тој беше доведен на власт иако ги загуби парламентарните избори на 11 декември 2016. Заев во своето гостување во емисијата 360 на Алсат, призна дека бил донесен на власт за да склучи договор со Бугарија и со Грција и да обезбеди 80 пратеници.

Меѓу другото тој конечно призна и дека ги загубил изборите и дека не ја добил поддршката на граѓаните на предвремените парламентарни избори.

–Се очекува Македонија да ја внесе во НАТО и во ЕУ, да склучи договор со Бугарија со Грција да обезбеди 80 пратеници иако тргнав со 49. Не ја добив бе Васко (поддршката на гласачите), 49 добив. Изгубив парламентарни избори. Така? 49! Не, не, не на локалните избори, таму градоначалниците и советниците ја добија поддршката. Јас добив 49 пратеници и денеска имам 80 пратеници. И никој мене не ме прашува како тоа се постигна колку тоа енергија е потребна за разговори со луѓе, вели Заев.

Да потсетиме претходно дека Заев ветуваше дека нема да има промена на Уставот и дека нема да го менува името, а вчера призна зошто бил донесен ,,за уши на власт.

„Додека дишам, додека го држам овој Македонски воздух и додека ме држи памети и додека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас мојот син и мојата ќерка сме Македонци родени овде во Македонија тоа нема да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија подготвен да излезе пред Парламент да бара промена на Устав заради промена на уставното име“ – рече Заев во интервју за локална телвизија пред изборите на 11-ти декември.

Извор: Република.мк

Претходна статијаМакедонија на културен настан во Катар претставена само со албански играорци, музика, носии, знамиња
Следна статијаГруевски повлече нога: Уште еден екс претседател побара политички азил во странска амбасада