Весникот Непшава во своето онлајн издание излезе со сомневање дека поранешниот премиер Никола Груевски влегол во Унгарија со бугарски пасош. Унгарскиот весник цитира свои извори од владата.
Инаку во текот на вчерашниот ден Виктор Орбан конечно попладнево потврди дека Унгарија го примила барањето за азил од Никола Груевски
„Поранешниот премиер на Македонија даде изјава за намера да поднесе барање за статус на бегалец во Унгарија. Со оглед дека тој беше премиер на неговата земја веќе десет години, од безбедносни причини унгарските власти му дозволија на Груевски да поднесе барање за азил во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата за имиграција и азил ќе ја спроведе процедурата за оценување на азилот во согласност со унгарското и меѓународното право“, се наведува во соопштението од канцеларијата на Орбан.
Притоа се наведува дека македонската влада е партнер на Унгарија во меѓудржавните односи и затоа во никој случај Унгарија не сака да интервенира во внатрешни работи на суверени земји.