Германската амбасада ги спушти Македонците на земја: Не наседнувајте, немате исти права

0

Германската амбасада соопшти дека не се точни известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1 јануари 2019 година со кој на граѓаните од земјите што не се членки на Европската унија ќе им овозможи да се вработат во некоја од државите од Унијата под истите услови како граѓаните на земјите членки на ЕУ.

– На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1 јануари 2019 година, валидна работна виза во Германија.

Барањето за виза може да се поднесе само во Германската амбасада во Скопје и само таму се издава визата, прецизираат од Амбасадата на Германија во Скопје.

Амбасадата укажува уште еднаш на тоа дека таа не соработува со посредници или агенции.

– Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту пак да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75 евра и се наплаќа во готово, исклучиво во евра, директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси нема во Визното одделение.

Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот се бесплатни, наведоа од Германската амбасада.

Претходна статијаМалку луѓе знаат што работела Емина пред да стане пејачка – ги изненади сите
Следна статијаЕден хороскопски знак ќе добие добра вест, друг многу пари – Викенд хороскоп