Извесен период кај јавните личности актиелна е опцијата на социјалната мрежа „Инстаграм“ насловена „Ask me a question“, која никако да им досади, а пак следбениците и обожавателите квалитетно навалуваат со прашања од најразличен карактер.
Најважно, интеракција постои, а за Тамара Тодевска иако ова на почетокот изгледаше досадно, сега и таа се реши да одговара на прашањата од своите следбеници.
Прашања имаше многу, а исто така и одговори.
Покрај оние за тоа кое и е омилено, јадење, песна, како ќе се вика бебето кое го чека и кога ќе се роди… некој ја праша и за тоа дали би простила неверство, а нејзиниот одговор ретко кој го има.
Имено, за Тамара неверството може да го прости но не и да заборави.