Телешко ребро 1.774 кг, смрди = за ќебапи, телешка плешка 1692 кг, смрди = за ќебапи, телешка коленици 2658 кг, смрди = за ќепаби… И така со ред стои на повратницата од февруари напишана во месарница во супермаркетот Лоренцо на острово Паг во Хрватска.
Овој документ, како и фотографии од расипаното место до хрватските медиуми достави Анте Јуриќ, поранешен вработен во оваа месарница кој откри застрашувачки моменти.
„Месото на кое му е истечен рокот и кое смрди и е упалено се користи за ќебапи или се продава како мелено месо, плескавици и друго. Во него се става винобран, црн пипер, вегета и некои зачини за да месото повторно ја добие примарната боја и да се прикрие мирисот. Секако, за сето тоа е по упатство на самиот газда“ изјави месарот Јуриќ.
Од месарницата веднаш демантираа вакво нешто, но фото доказите се повеќе од очигледни, па на повидок е голем скандал. Граѓаните веќе се уплашени.