Изминатата ноќ на подрачјето на Македонија падна првиот „посериозен“ сезонски снег. Од она што може да се забележи на социјалните мрежи, Маврово и Крушево се пробудија во бело, под снежна покривка.
Секако ова ќе бидат радосни вести за најмалите кои со сигурност ќе се израдуваат на снегот кој оваа година и тоа како подрани.
Снежната граница поради падот на температурите има услови да се спушти и нешто под 1000 метри што значи услови за провејување на снег локално ќе има и низ населените места.
Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
ФОТО: Фејсбук