ФОТО: Ќерката на премиерот Заев – Александра ќе зачекори на модната писта

0

Александра Заева – ќерката на премиерот Зоран Заев ќе  зачекори на модната писта во знак на поддршка на лицата со попреченост, на хуманитарниот настан во организација на здружението за помош и поддршка на лица со попреченост ,,Вера” од Струмица.

Овој настанот ќе се случува во хотел Вила Парк во Струмица на 2 декември, по повод Светскиот ден на лицата со посебни потреби, а од организацијата веќе го потврдија учеството на Александра, која е ученичка во четврта година во СОУ Јане Сандански.

Исто така, и сопругата на премиерот, Зорица Заева потврди дека Александра ја прифатила понудата да се појави како придружба на децата модели на ревијата, со цел да се пренесе пораката дека сите сме исти и треба да се стремиме кон прифаќање на различностите.

-Драго ми е што Александра е дел од овој хуман настан, кој годинава ќе се одржи по втор пат. Се надевам дека манифестацијата ќе стане традиција и ќе допринесе во менувањето на јавната свест и подавањето рака на сите, без оглед на различностите. Јас оваа година нема да бидам дел од придружбата на малите модели на модната писта, но секако дека ќе бидам во публиката и ќе бодрам нашите мали херои – изјави Зорица Заева за ,,Фокус”.

Претходна статијаМират од „Нашата Дениз” е во брак со познатата турска актерка – таа е убавица
Следна статијаУште само неколку дена, па полицијата за овој прекршок дебело ке ќазнува