Внуката на Премиерот Зоран Заев, 18-годишната Ева Заева постојано истакнува дека во себе носи огромен моден потенцијал. Таа веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, а зад секоја објавена фотографија на социјалните мрежи добива низа позитивни коментари од оние кои ја поддржуваат во она што го работи, но и од оние кои се восхитуваат на нејзината убавина.
Минатата година во едно интервју, убавата струмичанка изјави:
– Живееме во современо време во кое интересот кон модата станува се поголем, особено кај припадничките на понежниот пол. Тоа време исполнето со разни електронски и печатени медиуми кои ја третираат модата во своите содржини, неминовно има влијание на раѓањето на таа љубов кон модните трендови, кај нас младите генерации. Ј
Јас сум само едно од многуте девојчиња во Македонија, Европа и светот, кои ја имаат и негуваат таа своја љубов кон модата. Чинам дека не постои ниту едно девојче кое ја нема во себа таа љубов. Кај мене можеби таа е поизразена поради секојдневниот професионален ангажман на мојата мајка, која успешно раководи со една конфекција во Струмица.
Убавината и ја препишува на генетиката, односно на своите родители, а за нејзиниот талент говорат многуте креации во кои може да ја видиме.
Кога не носи своја креација, Ева Заева повторно избира да облече нешто впечатливо и тренди и со тоа јасно го истакнува својот моден вкус, иако вели дека ако еден ден модата навистина стане нејзина животна професија, тогаш би била зад параванот на модната патека, како моден креатор, а не на самата патека како модел.
– Јас сум девојка како и сите други и не преферирам некакви посебни стилови на облекување. Најубаво се чувствувам кога се носам спортски и лежерно, кои на најдобар можен начин ја одразуваат слободата на живеењето и возраста во која се наоѓам – додава таа.
Заева не го крие својот приватен живот, па веќе подолго време е во врска со Душко Чифлиганец, син на познатиот биснизмен Ванчо Чифлиганец. Иако тие се уште не потврдиле ништо за јавноста, објавуваат многу заеднички фотки од убави моменти на социјалните мрежи.
Во истото интервју, на прашањето за својот чичко, Премиерот Зоран Заев, внуката има само пофални зборови:
– Сосема е нормално, сите што имаат чичковци да си ги сакаат и да мислат се најдобро за нив, но верувајте ми, јас го имам најдобриот чичко на светот. Тој ми е и чичко, и пријател и другар… Жал ми е за оние кои не успеале да го запознаат, за да го откријат неговиот вистински лик.
Тие што добро го познаваат, знаат кој е и каков е Зоран Заев. Кога за него „плетат“ разни невистини, ми е премногу смешно. Како да зборуваат за некој друг човек, а не за мојот чичко Зоки.
Тој знае често пати да ме советува, на пример, да читам многу книги, да бидам богата со стекнување на голем број пријателства, да бидам добра и секогаш да сум подготвена некому да помогнам. Всушност тој ме советува да ги имам истите доблести што тој ги поседува.
Извор: Женски магазин