Девојче на 11- годишна возраст се спасило од киднапер бидејќи му поставило едно прашање

0

11-годишната Медисон се спасила од можно киднапирање бидејќи на странецот кој ја повикал да влезе во неговиот автомобил му поставила едно прашање, пишува “Independent”.

Малото девојче и нејзината другарка шетале во близина на паркот во градот Пикан Крик во американската држава Аризона, кога покрај нив застанал маж во бело возило и му кажал на девојчето дека нејзиниот брат доживеал несреќа и дека тоа мора да појде со него.

Медисон на тоа го прашала која е шифрата, а кога киднаперот не знаел да ѝ одговори, таа одбила да влезе во автомобилот и тој заминал без неа, стои во соопштението од полицијата.

“Многу се исплашив дека нешто му се случило на мојот брат, но потоа се сетив да го прашам за шифрата, а кога не ја знаеше, побегнав од него”, изјавило 11-годишното девојче.

Нејзината мајка за “Fox10” објаснила дека смислила шифра со своите деца токму за такви ситуации.

“Шифрата која ја смисливме ѝ го спаси животот на мојата ќерка. Ми кажа дека некој пробал да ја киднапира, а никогаш не би ми паднало напамет дека навистина ќе мораме да ја употребиме шифрата. Горда сум на неа бидејќи се сетила на тоа”, вели мајката Бренда Џејмс.

Претходна статијаСтатусот на Панчо за својата прерано замината мајка сеуште се препрочитува
Следна статијаСопругата на Дарко Лазиќ добила брутални закани: Немој да се силиш, или ќе те иселиме од станот