Еднаш победи, ќе победи и овојпат. Свесен е за се, знае што му се случило, им изјави на српските медиуми Драган, братот на популарниот српски пејач Дарко Лазиќ кој на 23 октомври преживеа тешка сообраќајна несреќа.
Тој им откри на новинарите за што разговарал со брат му кога го разбудиле од вештачка кома. Драган имаше што да каже иако неговата изјава беше кратка, но и тоа како интересна за претставниците на медиумите.
– Прво ме праша каде се случила несреќата, а кога му објаснив ми бараше фотографија од автомобилот. Не му покажав ништо, го поштедив од стресови. Лекарите му раскажаа што се случило – изјави Драган во емисијата „Премиера викенд специјал“.
Иако пеачот излезе од кома, сепак неговата битка допрва следи бидејќи и понатаму ситуацијата не изгледа добро.