Даниел Кајмакоски бил спортист во душата – откри што тренирал и играл

0

Даниел Кајмакоски пред точно пет години стана миленик на јавноста кога за прв пат се појави во регионалното музичко шоу „Икс фактор Адриа“ во Белград, есента во 2013 година. Во март во 2014 година, Даниел како фаворит на жирито и на публиката победи во шоуто.

Тој често се потсетува на своите тинејџерски години, а во едно интервју изјави дека од дете знаел дека неговиот живот ќе биде поврзан со музиката.

„Омилен предмет на училиште ми беше се разбира – музичко. Кога имав 13 години бев скромно момче со позитивен и забавен дух, тоа момче сѐ уште живее во мене“, открива тој.

Тој вели дека драг спомен од тинејџерските години му се дружењата, излегувањата, првата љубов, но и спортувањето.

„Како тинејџер тренирав фудбал, а ги обожавав и екстремните спортови, со кои продолжив да се занимавам и подоцна.“, открива тој.

Претходна статијаСеверина сподели убави вести, среќа во нејзиниот дом!
Следна статијаОд Скопје сум, ќе бидам искрена и ќе кажам зошто не сакам мажи кои немаат пари