Борко распали по Шилегов и Макрадули: Срам и брука – Македонија заслужува повеќе

0

Искусниот македонски репрезентативец, чуварот на голот на ракометната селекција, Борко Ристоски преку својот профил на „Фејсбук“ се огласи по повод денешните случувања во кои беа инволвирани Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Јани Макрадули.

„Скопје се гуши! Македонија се гуши! Меѓутоа господава колку што разбрав и прочитав на седница за наоѓање решение на проблемот имаат очигледно „попаметна“ работа. Срамота и брука! Извини пинки морално беше. Шилегов, Макрадули, спиење, играње игри. Македонија заслужува повеќе“ напиша Борко

Во моментот Ристоски настапува во Португалија каде што ги брани боите на славниот клуб од оваа држава, Бенфика.

Ристоски е оженет со својата сопруга Николина со која го имаат синот Душан. На социјалните мрежи од она што го споделуваат може да се погледне каков им е животот во Лисабон.

Претходна статијаПо сопругата, Влатко Стефановски го загуби и братот Горан, таткото на “Бушава Азбука”
Следна статијаВесна Бејби, Дац и Калиопи со емотивни пораки се простија од Горан Стефановски ФОТО