Борисов донесе конечна одлука – Ова е важно за Македонците кои имаат бугaрски пасоши

0

Многу Македонци сѐ уште чекаат за бугарски пасош, а буагрскиот премиер, Бојко Борисов предлага затворање на Агенцијата за Бугари во странство.

Македонските граѓани се пожалија дека не можат да ги поднесат документите поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупција при издавањето бугарски пасоши, јави агенцијата БГНЕС.

Пред зградата на Агенцијата за Бугарите во странство денеска повторно имаше ред за поднесување документи за бугарско државјанство.

Од минатиот месец претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев е уапсен. Четворица добија обвиненија – претседателот, генералниот секретар на агенцијата и уште двајца други.

Секретарот на агенцијата Красимир Томов во приватниот банкарски сеф чувал повеќе од половина милион лева.

На состанокот на Владата во средата, премиерот Борисов изјави дека агенцијата ќе биде затворена.

Претходна статијаФОТО Дарко Лазиќ објави фотографија со својата вереница и покажа колку е среќен
Следна статијаВо кафуле пронашол торба со 50 000 евра и му ја вратил на сопственикот – Не добил ни благодарам ВИДЕО