Ана Јовковска: Додека му го презентирав проектот, шефот почна да ми се “пушта”

0

Сè повеќе жени во Македонија се одважуваат и проговоруваат за непријатните случки кои ги доживуваат во секојдневниот живот и особено на работното место. Психичко малтретирање на работно место, со кое се врши деградација на личноста и евентуалното напредување во кариерата се нарекува Мобинг.

Но, непристојните предлози за секс, од позиција на надреден се вика СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО. Токму ова и се случило на познатата водителка. Прочитајте го нејзиниот статус на Фејсбук:

“Имав 25 години. Работев во телевизија. На состанок во канцеларија (јас и “шефот”) додека го презентирав новиот ТВ проект “шефот” ми се доближи толку блиску што ми влезе во интимниот простор на мојата аура. Ме залепи за врата. Мојот отпор беше само еден збор -“недолично”.

Проба да се извади со “фраерски” комплименти и хумор, но веднаш го напуштив состанокот. Не ме уплаши, но ме згрози. Класично микронасилство од позиција на моќ. Другиот ден дадов отказ и не се појавив веќе на работа. Им кажав веднаш на двајца колеги, но тие рекоа дека тоа е вообичаено однесување за него.

Им кажав на пријателите, но тие ме посоветуваа да не ја раскажувам секаде случката оти сум јавна личност. Не ги послушав. Им кажав и на моите. Ме поддржаа во одлуката да си заминам од работа. Останав да се прашувам што прават колешките и жените што не можат така лесно и безкомпромисно да донесат одлука да ја напуштат работата”

Претходна статија(ВИДЕО) Рамче се враќа од војска – легендарниот виц на Тони Михајловски на Кумановски
Следна статијаНикогаш нема да ја познаете: Ова е Вилдан од „Карасевда“ во приватноста, нејзината ќеркичка и сопругот