АМСМ со вонредно соопштение поради снегот: Забрана за движење, но и прекин на сообраќајот

0

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА: Денес во 16:30 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Плетвар, поради обилни врнежи од снег.

Денес во 16.50 часот е воведена забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Стража, поради обилни врнежи од снег.

Од 17:00 часот патниот правец Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возило поради обилни врнежи од снег.

Од 17.50 часот патниот правец Делчево према граничен премин е во прекин за тешки моторни возила поради обилни врнежи од снег.

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: Од 17:00 часот сообраќајот на магистралниот пат – А2 Куманово – Крива Паланка е пуштен наизменично за сообраќај.

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила.

Претходна статијаЉупка, сопругата на Дуле: Плачев по улица и не знаев од каде да почнам
Следна статијаФОТО: Миленко Неделковски се јави од протестот и испрати силна порака