Wizz Air, најбрзорастечката авиокомпанија во Европа и водечка нискобуџетна компанија во Централна и Источна Европа, љубезно ги потсетува сите патници кои патуваат со авиокомпанијата дека по 1 ноември 2018 година нејзината нова и транспарентна багажна политика за цел олеснување на патувањето за патниците и намалување на одложувањата поврзани со багажот за сите летови на Wizz Air, ќе стапи на сила за една недела.
Од 1 ноември секој патник има право да понесе една бесплатна рачна торба (40x30x20 cm) во кабината, додека оние патници кои купуваат WIZZ Priority ќе имаат можност да носат мал куфер (55x40x23 cm) исто така во кабината. Врз основа на повратните информации од купувачите и менувањето на патните правци, Wizz Air воведе куфер со тежина од 10 килограми за check-in за поудобно патувачко искуство со цени почнувајќи од околу 7 евра.
Новата политика на авиокомпанијата за јасен и фер багаж е политика на избор за нашите патници, бидејќи им овозможува на клиентите на WIZZ да одберат помеѓу повеќе од 50 варијации на багаж за носење во кабина и за check-in врз основа на нивните индивидуални преференции.
Ние ги охрабруваме нашите патници да се спакуваат паметно и да купат WIZZ Priority, кој вклучува торба за во кабина (40x30x20 см), мал куфер (55x40x23 cm) за во кабина, приоритетен check-in и приоритетен влез во авионот почнувајќи од 5 евра.
Резервациите без WIZZ Priority направени пред 10 октомври за периодот на патување по 1 ноември 2018 година ќе бидат надградени со бесплатен 10кг check-in куфер, додека резервациите со check-in багаж ќе бидат надградени со WIZZ Priority.
Wizz Air верува дека овој транспарентен и јасен пристап кон багажната политика ќе придонесе за поудобно и побрзо влегување во авион и подобро искуство на клиентите. Со поголема сигурност дека торбата може да се вклопи во кабината и нов, поширок избор на големина и тежина на оптоварување на багаж, патниците сега имаат неверојатен асортиман на комбинации од кој што можат да одберат.
Јохан Ајдаген, главен маркетинг директор на Wizz Air, додаде: “Останува уште една недела додека не стапи на сила нашата нова, транспарентна и фер багажна политика. Таа нуди најширок избор на багаж за нашите патници, притоа овозможувајќи бесплатна торба за во кабина за секој патник. Почнувајќи од 1-ви ноември, процесот на влез во авион ќе го направиме полесен, а со тоа и поудобен, континуирано нудејќи најниски можни цени низ нашата широка мрежа од 143 дестинации во 44 земји. “