Екс министерот за здравство, Никола Тодоров вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека го повикале во општинскиот комитет во Карпош, но му рекле дека не знаат зошто го исклучуваат и дека за тоа треба да си праша во централата.
Тодоров вели дека ова е конструиран случај, и дека е ставен во позиција да се брани за нешто за што не знае дали го направил.
„Можеби ако нешто ми кажеа, ако сум го направил, јас реално ќе признаев. Но, од другата страна немаше аргументи, и од тоа сум навреден“, рече Тодоров.
Вели дека коските ги оставил во таа партија. Тодоров рече дека му е наметнато многу тешко, и сериозно обвинување.
Вели дека оваа ситуација е целосно нејасна.
За пратениците кои гласаа „За“ уставни измени рече дека се слушнал, но утредента. За некои од нив вели дека многу долго се во ВМРО-ДПМНЕ и дека не смениле партија, додека други промениле пет партии. За себе кажа дека не членувал во друга партија освен ВМРО-ДПМНЕ, и не планира.