Милена Дравиќ, легендарна српска и југословенска глумица, почина ноќеска во Белград во 79 година од животот, после долга и тешка болест.
Оваа информација им е потврдена на новинарите од Блиц во Здружението на драмски уметности на Србија.
Дравиќ починала во Клинички центар на Бежаниска коса, каде се наоѓала на лекување.
Милена Дравиќ и Драган Николиќ беа еден од најомилените глумечки парови на просторите на поранешна Југославија. Тие речиси целиот свој работен и животен век го поминаа заедно.Драган Николиќ почина на 12 март 2016 година.