Претседателот на Собранието вели дека иницијаторите на идејта за формирање комисија за помирување се уште не побарале создавање на вакво тело.
Ставот на ВМРО -ДПМНЕ дека нема да биде дел од комисијата, Џафери го коментираше како негативен и антиграѓански став. Тој не ја исклучи можноста да се формира нова пратеничка група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои беа исклучени од партијата откако гласаа за уставните измени.
“Комисијата нема основа и се уште не е формирана. Мислам дека секоја предрасуда за тоа каква расправа ќе води телото кое формално се уште не е формирано, е забрзано и некоректно е да се прејудуцира дали таа комисија ќе излезе со предлог-закон или со нешто друго. Сега во ова ситуација идејата на предлагачот на помирувањето не е да се излезе со предлог-закон, бидејќи помирувањето и амнестијата се сосема спротивни и различни изрази“, изјави Талат.
Тој коментираше и за можната аменстија.
„Луѓето меѓусебе можат да простат, а можат да бидат амнестирани од институциите. Ако тие одлучат да формираат своја парламентарна група, го имаат тоа право. Нивно е да решат како ќе се организираат о кој ќе биде нивен координатор во идниот период. Од формален аспект тие имаат право и можност да го направат тоа“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.