Сите ние сметаме дека младешките љубови се нешто низ кој секој треба да помине. Некогаш имаат среќни краеви и завршуваат со брак, но некогаш некој останува со “сршено срце”. Кога некоја девојка длабоко ќе го повреди момчето по што тоа долго ќе пати со последици низ животот, гарантирано таа девојка кога ќе се омажи и створи свое потомство, тоа ќе биде запечатено со нејзиниот грев.
Најчесто гревот го наследува ќерката. Таа никогаш нема да може да оствари вистинска и длабока љубов, ниту ќе се поврзе со некое момче. Ќе влетува од врска во врска и секојпат ќе биде оставена од момчето или врската ќе им прекинува поради банални причини.
Истиот грев може да им го пренесе таткото на своите деца, доколку бил неверен, не ги сакал девојките со кои одел, ги повредувал на секаков начин или бил со нив само за да ги искористи. Овој грев најчесто го наследува неговиот син, но доколку машкото дете е многу силно или заштитено од моќни кумови, оваа клетва може повторно да падне врз женското дете.
ПОКРАJ КЛЕТВИ И НАСЛЕДЕНИ ГРЕВОВИ, КАКО ПРИЧИНА ЗА НЕСРЕЌНА ЉУБОВ И НЕОСТВАРЕНОСТ НА ТОЈ ПЛАН, ЧЕСТОПАТИ ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ СЕ ЈАВУВААТ ЉУБОВНИТЕ МАГИИ.
Љубовната магија се прави врз основа на привлекување на поедина особа или одвраќање на некоја особа од дотогашниот партнер. Таа може да се сведе, на пример, на следната бајалка: без мене да не може да живее, ниту да јаде, ниту да пие…итн, итн, со што се “заробува” нечија душа, се наведува таа особа да размислува единствено на лицето што тоа го направило или го порачало да се направи. Душата се препелка во темнината на оваа магија…
СИМПТОМИ ЗА “ЦРНО ВРЗУВАЊЕ”
Одеднаш нешто необично и силно ве привлекло кон некоја особа, а до неодамна кон истата сте биле рамнодушни. Не можете да мислите на ништо друго, туку само на него/неа, а покрај тоа чувствувате и огромна сексуална желба веднаш штом помислите на неа или него. Сите ви велат дека многу сте се промениле и дека веќе не личите на себеси, како и тоа дека вашиот партнер има бројни мани и недостатоци.
Вие тоа едноставно не го забележувате, туку напротив, размислувате дека тие грешат или не знаат дека вашиот патнер е чудесна и единствена особа. Дури и кога ги читате овие зборови вие чувствувате одбојност и непријатност.
Сте станале агресивни, вознемирини и се плашите од билошто. Во секој случај – постојано ве следи некој внатрешен немир. Бурно реагирате на критички забелешки за вашата сакана особа, па дури, се чувствувате многу среќно во негова близина без разлика на мноштвото потешкотии и проблеми, кои ви ги носи со себе.
Па сепак, понекогаш и вие сте незадоволни од неговото/нејзиното однесување, па силно се нервирате поради тоа. Немојте никогаш да помислите да привлечете некогаш на недозволен и магичен начин. Вистинската љубов не може насилно да се пробуди. На магијата брзо ќе и помине рокот, ќе исчезне, а жртвата ќе се претвори во зомби, ќе биде само физички присутна, душевно отсутна, тажна, замислена…
Малку по малку ќе дојде до влошување на различни животни сфери, на работа, во здравјето, материјалната состојба. Доколку “врзувањето” е направено со напиток – тогаш постои опасност дека со текот на времето и годините ќе стане зависник од алкохол, а потоа ќе се разболи и на крај може да умре.
Оној што ја направил или порачал магијата може да помине уште полошо или проклетството да го наследат неговите потомци кои ќе умираат во страшни маки.
МАГИЈА ЗА РАСТУРАЊЕ НА БРАКОТ ИЛИ ВРСКАТА: ЗНАЦИ
Постои и поинаков облик на делување на црната магија, кој е спротивен на “привлекувањето”, бидејќи служи за одвраќање односно раздвојување на некој пар. И двајцата партнери никако не можат да се заборават еден со друг, па долго жалат по среќните времиња кога биле заедно.
Како последица од разочарувањето, срцето се затвора (го прекрива темносив енергетски облак), па особата се плаши да им се препушти на сопствените емоции и повеќе не може во никого да се вљуби. Магијата која е направена за разделување, се одразува на сите подоцнежни врски, партнерства или бракови во кои жртвата ќе стапи во иднина. Значи, еднаш разделена – засекогаш разделена! Сите нејзини идни врски ќе бидат кратки и ќе завршуваат без зборови или спротивно на тоа – ќе траат релативно долго, но никогаш нема да завршат со брак!
Доколку и покрај се’ врската заврши со брак, што многу ретко се случува во вакви случаи, порано или подоцна ваквата брачна заедница ќе се распадне. Веројатно сте се среќавале со жени и мажи, кои после разочарувањето размислувале за спротивниот пол на следниов начин: “Сите мажи се исти” или “Сите жени се ку*ви”, па остануваат “стари” моми и момци. Овој вид на магија често се нарекува и “венец на самотијата”.
Магијата која се прави со цел да раздели некој љубовен пар може да има различни симптоми кај двајцата припадници. Така на пример, и покрај силната желба за секс, мажот чувствува немоќ во љубовниот живот, никако не може да оствари квалитетен однос со жената, а во најлош случај страда од импотенција, односно еректилна дисфункција. За разлика од него – жената може да биде ладна и фригидна, да се плаши од сексот и да пронаоѓа бројни изговори за да ги одбегне непријатните моменти во постелата…
Извор: НМД