Соседот со први честитки, Рама до Заев: Среќен роденден Република Северна Македонија

Премиерот на нашиот западен сосед, Еди Рама е меѓу првите високи државни функционери кој му честиташе на Зоран Заев за денешното изгласување за промени на уставот и името на државата.

„Среќен роденден Република Северна Македонија“, напиша Еди Рама на својот профил на „Твитер.

„Искрени честитки на премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се изборија за овој историски момент. Нова врата на иднината се отвори денес за двата наши народи во Република Северна Македонија“ напиша Рама.