Сектата ни го уништи бракот

0

“Мојот поранешен сопруг имаше сомнежи кон таа терапевтка и нејзината секта. Еден ден ме стави пред готов чин: или тие или тој’, се потсетува Мишел Хунцикер која ја избра сектата наместо пејачот.

Така изгледа кога си дел од секта, те затегнуваат со јаже околу врат сè повеќе и повеќе, сè додека не ти го исперат мозокот, рекла глумицата и поранешниот модел Мишел Хунцикер (41) за германскиот магазин Стерн.

Поранешната сопруга на пејачот Ерос Рамацоти (54) раскажа како 6 години била дел од сектата “Војници на светлината” и веруваше во нивната приказна за минатиот живот.

Мишел сметала дека му била сестра на Исус Христос, која се заљубила во римскиот војник и го издала својот брат и отишла со саканиот во Рим. Но, Римјаните не сакале да има врска со неа, па живеела во беда и сиромаштија и тоа беше казна за предавството.

“Таа сестра бев јас. Верував дека тоа бев во минатиот живот и дека на грбот ја носам таа вина”, рекла поранешната сопруга на пејачот. Таа рекла дека со години немала секс и секогаш некој бил покрај неа како би ја контролирал, а четири години не разговарала со мајка ѝ и старите пријатели. Сектата ѝ го уништи бракот со Рамацоти со кој ја доби ќерката Аурора (21).

“Живеев во бајка. Ерос беше прекрасен, правеше сè за мене, но често беше на турнеја, а јас останував сама дома”, рекла Мишел. Глумицата вели дека на неа влијаеше детството, бидејќи родителите ѝ се развеле, а нејзиниот татко почнал да пие и изгубила контакт со него.

Претходна статијаОва се четирите точки од уставот кои ќе бидат променети
Следна статијаВо Македонија дојдов по жена ми и останав, прекрасни сте – Американецот Вали се фали