Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев ги отфрла сомнежите на Специјалното јавно обвинителство за незаконска набавка на кинеските автобуси.
Во изјава за „Независен весник“, тој тврди дека новите истраги на Катица Јанева се дел од политичките притисоци и прогонот што го приредува власта. Јанушев истакна дека како Јанева, така и Заев не можат да го исплашата
„Ова е и начин да се прикријат реалните афери и криминали на врхушката на власт, како на пример: полнењето кутии и криминалот за време на референдумот, криминалните милионски иновации, тендерите во четири очи во здравството, тендерите од 650.000 евра за цвеќиња или оној трагикомичен од 1.5 милиони евра за лубриканти што ги набавува владата. Ако навистина на власта и е до борба со криминалот, немаше да го отфрли предлогот за независно обвинителско тело кое ќе ги работи случаите почнати од СЈО, но и сите други за криминал направени од оваа влада. Јасно е дека владата и Заев од противник на криминалот се става во улога на негов заштитник. Нас тоа нема да не исплаши, туку не мотивира во борбата против оваа влада и нејзините катастрофално владеење без резултати“, вели Јанушев.