Младиот 16-годишен Јован Николиќ кој од смртта на својот татко во април оваа година живее потполно сам во старата трошна куќа без струја и вода, конечно ќе дочека подобри денови.
Во среда навечер сијалицата после осум години повторно засвете во неговиот дом, а бучавата од багерите и машините кои во четвртокот наутро го пробудија, го оставија без здив кога дозна дека непознат донатор уплатил пари се со цел на Јован да му изградат нова куќа.
Добрите и хуманите луѓе му ја исполнија и големата желба повторно да добие магаре од кое планира да се издржава на начин што ќе го користе за превоз на сено и огрев или пак за превоз на туристи при прошетка.
„Имавме овци, кози и магаре Станчо. Со Станчо и запрежна кола пренесував сено и дрва. Преку лето ги возев гостите од кафаната во селото до Врмџанско езеро. Додека работев со Станчо, татко ми не се грижеше за ништо. Не можеше да ми помага, беше многу болен. Имаше шеќерна болест и често паѓаше во кома. Среќен сум што повторно добив магаре и се надевам со него ќе можам да си обезбедам основни услови за жвиот“ раскажа Јован.