Полицаец сведочи: Ја изнесов од кола и веднаш почна да уринира, продолжи и во станицата

0

Да бидете полицаец може да биде една од најтешките професии. Ќе бидете постојано соочени со опасност и воопшто нема да ви биде лесно.

Еден полицаец од Северна Каролина одлучил да сподели неколку искуства од неговото работно место. Полицаецот Крис се изненадил од вниманието што го привлекол со неговите приказни. Иако овие искуства се далеку од смешни, Крис се опишува како полицаец кој сака крофни и докажува дека и покрај сè, се обидува да остане позитивен.

-Омиленото апсење за возење под дејство на алкохол започна кога еден загрижен граѓанин се јави за возило кое се движело по целиот автопат. Успеав да го стигнам и да го застанам. Возеше жена и пресилно мирисаше на пиво. Ја изнесов од автомобилот и веднаш почна да уринира на себе без воопшто да забележи. Ја прашав дали пиела нешто вечерва, и ми одговори не.

Направивме неколку тестови како стоење на една нога, право одење и свртување. Кога ѝ рековме да застане на една нога, сфатиме дека ќе падне и пробавме да ја сопреме, но беше предоцна. Кога ја однесовме во станицата продолжи да уринира на себе толку многу што целосно си ги накисна панталоните и чевлите. Дури оставаше и отпечатоци на подот.“

Претходна статијаГрадот на духови – светилките постојано светат, а зеленилото е окосено
Следна статијаОва не е шега: Еве ви работа, платата е 9000 евра, но само под еден услов