Доктор Дејвид Холмс за порталот Pakmag.com.au тврди дека човечките имиња имаат влијание врз нивната благосостојба и среќа, па направи листа на имиња чии сопственици се чувствуваат најсреќно, како и листа на имиња чии сопственици не се чувствуваат премногу обдарено со среќа.
Иако листата е составена од популарни англосаксонски имиња, меѓу нив има и такви што често може да се најдат и кај нас, како Денис, Матеј, Стефани, Тања или Вики.
Најсреќните имиња за момчиња се: Џошуа, Џејсон, Матеј, Тери, Стен, Јан, Кристофер. А за девојчиња: Џуди, Стефани, Линда, Пат, Фиона, Изабела, Паула, Вики.
Најнесреќните имиња за момчиња се: Бен, Ендрју, Едвард, Тим, Боб, Денис, Алфи, Џереми. А за девојчиња: Лин, Шарлота, Тина, Ејми, Тара, Алекс, Тања, Џесика, Оливија.