Ѝ открив колку пари можам да заработам на Јутјуб, а таа побара процент, па ми раскина

0

“Пензионираниот” гејмер Даглас Мартин во емотивна исповед на Јутјуб ја откри вистинската причина поради која ја прекинал врската со Јанет Гарсија, позната како најсексапилната водителка на временска прогноза.

Мартин, кој додека бил во врска со Јанет професионално ја играше играта Call of Duty, вели дека таа игра нема никаква врска со нивното раскинување, односно вели дека нивната врска започнала да “пука” откако ѝ открил колку пари може да заработи на Јутјуб, а таа барала процент од заработката.

На својот Јутјуб канал Faze Censor, Мартин има повеќе од 2,5 милиони следбеници, а врската започна да пропаѓа кога тој одлучил да ѝ купи автомобил на Јанет и да сними видео за тоа. Таа со тоа не се согласила, односно побарала процент од заработката поради следбениците кои му ги донела на неговиот канал.

Мартин стана мета на потсмев откако прекина со Јанет па изгубил на турнирот, после што се збогувал и со професионалното играње.

Вели дека не се чувствувал пријатно со нејзиното барање, бидејќи одлучил да ја поддржува и придружува на сите други начини освен давање на пари. Во видеото открива дека Гарсија му давала ултиматуми за пријателите и му забранила да се гледа со луѓето кои таа не ги сакала.

Гарсија суптилно му врати на Твитер, само после неколку часа откако го објави видеото на Јутјуб. Таа објави меме од Мишел и Барак Обама под кое напишала како верноста кон жена се тестира кога таа нема ништо, а кога мажот има сè.

Претходна статијаФОТО: Му дојде крајот на „Скопски Саме“ – култното место започна да се руши
Следна статијаГрадот на духови – светилките постојано светат, а зеленилото е окосено