Огромна трагедија: Свети Николе завиено во црно – настрада 19 годишно момче, 16-годишник се бори за живот

0

На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.

Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Претходна статијаСамо среќата го спасило: Патник на „7“ на ЈСП згмечен на врата при излез од автобусот
Следна статијаБурно е и утрово, пратеник се огласи: Горд сум што не ја продадов душата на ѓаволот