На пат кон Македонија – 11 мигранти живи изгореле

0

На регионалниот пат меѓу грчките градови Кавала и Солун, во сообраќајна несреќа рано утрово животот го загубија 11 лица откако комбето во кое што се превезувале се судрило со камион, а двете возила се запалиле.

Несреќата се случила утрово во 5 часот по локално време на патот Кавала-Африони, во горниот дел на регионот Саракин. До трагедијата дошло откако минбусот почнал да вози со голема брзина по што се удрил во камион кој доаѓал од спротивната страна.

Според грчките медиуми, 11-те лица кои изгореле живи биле бегалци и мигранти. Поради тоа што телата биле јагленосани, идентификација ќе оди преку судска медицина и ДНК примероци.

Причините за несреќата за сега се непознати, возачот на комбето кое се движело накај Солун, најверојатно поради големата брзина изгубил контрола и се судрил со камионот што доаѓал од спротивна насока. Ударот бил силен и се запалиле и двете возила. Возачот на камионот во последен момент успеал да го напушти камионот и да се спаси.

Претходна статијаВо Скопје драма како на филм: По сообраќајка извадиле палки и пиштол, па завршиле во болница
Следна статијаЕлеонора ги шокираше сите: Би сакала дечко како што е тој