Во манастирската црквичка се ширеше мирисот на темјанот, а кандилата во ритам како да трепереа, додека сите, во еден глас ја изговараа „Оче наш“! Се ближеше времето за Светата Причест. Петар стоеше покрај татка си кој со наведната глава се молеше.
Тој, таткото, беше ревносен верник, ѕидар по професија и предобар човек, кој од мали нозе ги воведуваше децата во верата и редовно ги носеше на причест. Но, денес, во текот на целата Литургија вниманието на Марко беше усмерено на лево, кон момчето на негова возраст кое малку надмено се држеше. Беше модерно и скапо облечено.
Марко погледна на кај сопствените обувки и тажно ги спореди со скапите патики на момчето… Со рацете врз градите Марко се причести во редот, а веднаш потоа неговиот татко.
Додека молчешкум држејќи го татка си за рака на патот, на кај излезот од манастирот, Марко тивко и ненадејно запраша: Тато, зошто сме ние сиромаси и зошто мојата облека е толку стара и наследена од поголемиот брат?
Таткото изненадено и збунето одговори:
Сине, поважно е да е чиста и најважно е што ние носиме под облеката… Марко, како да не слушна и овојпат нестрпливо и нервозно рече:
– Тато, погледни на кај она дете, види само какви патики носи, каква кошула…И во училиште сум видел слични.
Кога таткото погледна во Марко, забележа сека неговата брадичка се затресе, а по образите капеа солзички. Тој застана, го прегрна со двете раце, го погледна и изговори:
– Марко, сакаш ли и ти таква облека и обувки?
– Сакам…., плесна Марко со рацете. Ура!
Следниот миг таткото намина кон дома, понесе со себе нешто, а тие двајцата веќе беа во чаршијата. Само за неполн час, Марко изгледаше облечен како од некое модно списание. Татко му купи навистина скапи работи.
Радосно потскокнуваше и се загледуваше во излозите од продавниците наоколу. Во еден миг вниманието на Марко го привлече една тажна глетка. На работ од тротоарот, стуткано, гладно и распарталено, седеше некое мало момче. Беше со тажен поглед и замислено и ништо не бараше.
Кошулата му беше скината, на нозете имаше само една чорапа, а обувките му беа стари и подгазени, зашто неговата нога веќе потпораснала. Срцето на Марко се стегна. Во детето на тротоарот како да се виде себеси пред некој час. Повторно му се насолзија очите, но овојпат не за себе.
Го повлече татко си за рака, во правец на кај сиромашното дете. Го запраша:
Како се викаш?
-Петар, одговори момчето. – Јас сум Марко. А каде се твоите родители?
– Умреа, низ солзи одговори Петар.
А со кого ти живееш?
– Со баба, ама таа е стара и болна…
Во следниот миг Марко седна покрај него и почна да ги одврзува патиките, ја извади новата кошула и пантолоните и го замоли Петар да ја облече. Така и се случи. Лицето и очите на Петар блескаа од радост и заради новата облека и зарaди средбата со прекрасните луѓе кои, ете, се загрижија за него.
Таткото на Марко пак, му објасни на Петар, која куќа во селото е нивна и го покани да биде добредојден на ручек кога и да има потреба. Марко, пресоблечен во старата негова, спакувана облека, одејќи на кај дома, задоволно погледна кон татка си и го запраша:
– Тато, а од каде ти најде толку многу пари за убавата облека за мене, денес? Таткото одговори:
– Сине, во текот на целата година, покрај другите поттреби, одвојувам во посебно сандаче и пари за сиромасите. Кога Бог ќе посака, да израдувам некој гладен, жеден, необлечен…
Кога ќе зарадуваме еден од нив Бога го радуваме. Денес, ги зедов тие пари за ти да бидеш радосен. О, тато, значи парите собрани за милостиња правилно ги употребивме. Стигнаа во вистинско место. Од ковчежето за сиромаси, пак, кај сиромшниот. Колку е добар Господ.
Да синко. И ќе те прашам:
– Кога беше посреќен, пред некоја минута кога беше модерно облечен или сега?
– Сега тато, дефинитивно, сега сум порадосен. Зошто и непознатото дете е радосно.
– Мил мој сине, фала на Бога што те имам. И фала Му што секогаш е со нас и не води во ситуации полезни за нас.
И не заборавај никогаш Марко. Да не се срамиме од надворешната облека. Таа старее, се кине, а кога е нова не прави горделиви. Нема поблескава, поубава облека од онаа, под облеката – внатрешната . Облеката на срцето. Ете, таа свечена облека Бог ја гледа и според неа не препознава.
Држејќи се за раце и одејќи на кај дома, како за себе и во исто време и двајцата изговорија:
О, колку е добар Господ!
Автор: Мина Даниловска (според вистински настан)
Извор: Превземено со одобрение од порталот Покајание