Малиот гениј од Скопје се вика Ѓорѓе – мести рубикова коцка за неколку секунди (ВИДЕО)

Малиот гениј Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје за само неколку секунди мести Рубикова коцка.

Ѓорѓи има осум години и досега соборил два национални рекорди – најдобро време (4.37 секунди) и средно време (6.77 секунди) во решавање на рубкова коцка 2х2. Постигнал најдобро време и за решавање на рубикова пирамида и тоа најдобро време и најдобро средно време.

„Почнав кога еден ден на Јутјуб гледав едни видеа и сакав една да си имам за мене. Во 2015-та отидовме во Грција и најдомвме една коцка за мене за 2 евра“, вели малиот Ѓорѓи Чешмеџиевски. Претходните рекорди се од 2010 година.

Првиот негов натпревар каде сруши два национални рекорди беше Albanian Open 2018, а потоа дури седум национални рекорди паднаа на турнирот во брзо местење на коцки во Софија.

Loading...