Малиот гениј од Скопје се вика Ѓорѓе – мести рубикова коцка за неколку секунди (ВИДЕО)

0

Малиот гениј Ѓорѓи Чешмеџиевски од Скопје за само неколку секунди мести Рубикова коцка.

Ѓорѓи има осум години и досега соборил два национални рекорди – најдобро време (4.37 секунди) и средно време (6.77 секунди) во решавање на рубкова коцка 2х2. Постигнал најдобро време и за решавање на рубикова пирамида и тоа најдобро време и најдобро средно време.

„Почнав кога еден ден на Јутјуб гледав едни видеа и сакав една да си имам за мене. Во 2015-та отидовме во Грција и најдомвме една коцка за мене за 2 евра“, вели малиот Ѓорѓи Чешмеџиевски. Претходните рекорди се од 2010 година.

Првиот негов натпревар каде сруши два национални рекорди беше Albanian Open 2018, а потоа дури седум национални рекорди паднаа на турнирот во брзо местење на коцки во Софија.

Претходна статијаПо последните компромитирачки фотки, лекар ја открива тајната на Северина
Следна статијаДоколку имате Амерички пасош, немојте да се излажете како мене и да земете жена од Македонија