Според статистиките, на секоја секунда во светот се прават по 23 милиони фотографии, а на секои две секунди на Фејсбук се прикачуваат повеќе од 600.000 слики, така што воопшто не е чудно доколку сакате да научите неколку трикови за да бидете пофотогенични. Како и многу други работи во животот така и позирањето е талент кој може да се подобрува и усовршува.
Грижете се за кожата и лицето
Вашата прва одбрана од лоши фотографии е чистата и жива кожа. Мијте го редовно лицето и користите лосиони и хидратантни креми за да го освежите, но и за ги исчистите затнатите пори. Машките кои имаат брада пожелно е секогаш да внимаваат таа да е уредена и еднаква од двете страни на лицето.
Одберете ја вистинската облека
Велат дека облеката го прави човекот. Посветете повеќе време при изборот на гардеробата пред да излезете надвор. Усогласете ги боите и дезените за да бидете сигурни дека тие ќе изгледаат одлично пред апаратот, притоа имајќи предвид дека големите и воочливи шари ќе ве засенат. Ова не значи дека секогаш треба да ги носите вашите најскапи парчиња облека за да изгледате добро, туку да искомбинирате парчиња облека кои навистина ќе одговараат на вашиот стил. Почнете да носите бои кои одговараат на вашата кожа (за мажи, за жени) и избегнувајте риги кои ќе му додаваат широчина на вашето тело. Клучно е да изгледате спокојно и смирено во она што го носите. Не само што облеката ќе изгледа одлично на вас, вие ќе изгледате посамоуверени на фотографиите.
Најдете ја вашата омилена фотографија
Еве ви шанса малку да си ја истакнете суетата. Пребарајте нив вашите албуми и најдете ја онаа фотографија која ја сметате за ваша најдобра. Доколку не можете да се одлучите на која слика изгледате најзгодно и најубаво, побарајте друго лице да ја изврши задачата како непристрасен судија. Откако ќе ја најдете вашата омилена фотографија, добро проучете ги сите елементи и позиционирањето на вашето тело, запаметете ги и секогаш имајте ги на ум.
Вежбајте ја вашата поза
Доколку во претходниот чекор не сте успеале да ја најдете вашата омилена фотографија, тогаш преминете на вежбање на класичната моделска поза. Класичната моделска поза бара од вас да го позиционирате вашето тело закосено од камерата прикажувајќи 3/4 од него, со едната нога понапред и едното рамо поблиску до апаратот од другото. Ова е многу полесно за девојките бидејќи тие имаат тенденција тоа да го прават природно, додека мажите си имаат потешкотии, поставувајќи се централно исправени пред апаратот. Исто така, можете благо да ја завртите главата на страна и да гледате право напред. Оној кој ќе ја погледне фотографијата ќе добие чувство дека вашиот поглед е вперен кон него, без разлика на аголот на гледање.
Смејте се
Визуелизирајте се себеси како успевате. Верувале или не, оваа реченица навистина помага за да направите една фотогенична насмевка. Основната идеја е да се направи природна насмевка преку обземање од позитивни мисли. Позитивната мисла ќе се отслика и во вашите очи.
Да се сметате за фотогенична личност во голема мера се поистоветува со тоа да бидете опуштени и да се чувствувате слободно пред апаратот. Среќата навистина се пренесува од моментот на фотографијата.