Кога „Гугл мапс“ ќе ти го растури бракот

0

Маж од Перу се развел од својата жена затоа што ја видел во интимни пози на Google Maps со друг маж.

Тој преку мапите истражувал како најлесно да дојде до популарниот мост во Лима, кога на една од фотографиите забележал жена која му изгледала познато.Женската личност носела бела блуза, фармерки и штикли, а седела на клупата додека маж лежи покрај неа, ставајќи ја својата глава на нејзините нозе.

Изневерениот маж сфатил дека тоа е облеката која ја има неговата жена, а кога доближил повеќе, се испоставило дека тоа навистина е неговата сопруга.
Фотографиите се направени со камерите на Google Maps во Лима во 2013. година, пренесува Дејли мејл.

Мажот се соочил со својата сопруга, а таа му признала дека имала афера. Неименуваниот пар, како што пренесуваат локалните медиуми, набргу се развел.
Човекот ги споделил фотографиите на социјалните мрежи, а неговит епријатели коментирале дека целиот свет е „многу мал“. Го критикувале и него и неговата жена што не била искрена кон него.

Камерите на Google Maps забележале ситуации на бројни локации ширум светот, а снимаат и автомобили, велосипеди, мотори и слично.Ова довело до различни забавни и бизарни моменти, па така снимен е секс во автомобил, грабеж во Јужна Африка и слично.

Претходна статијаЕлеонора ги шокираше сите: Би сакала дечко како што е тој
Следна статијаГруевски утрово прилично активен на Фејсбук: Се обрати на два наврати