Сопругот ме тепа иако сум седми месец бремена. Носам близнаци, после шест години обид за забременување. Толку многу бев среќна кога дознав, среќна сум и сега за децата. Мислев дека мојата бременост ќе го смени сопругот.
Мислев дека помалку ќе пие и дека повеќе нема да ме тепа но… Пред два ноќа дома дојде мртов пијан и почна да ми зборува многу лоши зборови, а најмногу ме погоди кога ми кажа дека децата не се негови.
Тогаш станав од креветот и тргнав за да излезам од собата, тогаш добив две шлаканици од него, велејќи бегам бидејќи ме “боли вистината”. Наредниот ден кога веќе беше трезен, ми се извини и рече дека погрешил и на крај кажа дека тоа веќе никогаш нема да се повтори, но…
Не знам што да мислам. Во брак сме 6 години и секогаш кога ќе ме истепаше, наредниот ден ми велеше дека нема повеќе. Се прашувам дали навистина тука ќе биде крајот и дали конечно ќе се смени.
Јас се надевам секој ден. Го сакам и не знам како би можела да живеам без него, но не можам да го издржам ова малтертирање. Секојдневно се мислам да одам во центар за социјални работи, или во оние центри каде што згрижуваат жени кои трпат насилство, но ќе пукне брука.
Се обидов да разговарам со мајка му, ама безуспешно. Жената едноставно има идеален призор за нејзиниот син и моите укажувања како да не допираат до неа. Навистина незнам до кога вака.