Градот на духови – светилките постојано светат, а зеленилото е окосено

0

Ордос, наречен и Дубаи на Северна Кина, е град опсипан со богатство, со одлична инфраструктура и е лоциран во близина на наоѓалишта со природни ресурси. Но урбаниот град Ордос, е претежно напуштен во последните 5 години. Ова не е град на духови поради економски проблеми, загаденост или нешто слично. Проблемот е во тоа што владата не може да ги убеди луѓето да почнат да се вселуваат тука.

Изграден е да вдоми 1 милион луѓе, иако моментално во него живеат само неколку илјади (владата тврди дека се околу 28.000, а поголемиот дел од нив се градежни работници). На улиците во градот скоро и да нема сообраќај, а облакодерите и другите јавни згради кои вредат околу 5 милијарди американски долари остануваат празни и никогаш неупотребени. Но и покрај целата ситуација, градежните работи во Ордос и понатаму продолжуваат. Градските власти се уверени дека во многу брзо време, голем број од 1,5-те милиони жители кои живеат 20 километри подалеку во стариот дел од Ордос, конечно ќе почнат да се доселуваат.

„Прилично е осамено тука. Повеќето луѓе кои доаѓаат во нашиот ресторан се од градските власти и нивни гости. Во близина нема вселено жители“, – вели Ли Ли, маркетинг менаџерот на елитниот ресторан кој се наоѓа во често празниот хотел Лидо.

Локалната економија на градот треба да е во подем, со оглед на тоа што се наоѓа во близина на наоѓалишта на природни богатства, како природен гас и јаглен. Како и во остатокот на целата територија на Кина, недвижниот имот во Ордос е во подем и становите не се празни поради недостаток на купувачи. Инвеститорите ги имаат купено скоро сите расположливи резиденции, уверени дека ќе имаат голема заработка. Но токму оваа активност ги загрижува аналитичарите, кои се плашат дека балонот на интензивно купување недвижент имот, неизбежно и болно ќе пукне.

Градот на духови во КинаПа зошто луѓето не сакаат да живеат во овој модерен град? За сега селењето во новиот град е непогодно. Најмногу поради тоа што има 30 минути возење од новиот до стариот дел од градот каде што живеат најголемиот дел од жителите и каде што се наоѓаат пазарите и рестораните

Претходна статијаЍ открив колку пари можам да заработам на Јутјуб, а таа побара процент, па ми раскина
Следна статијаПолицаец сведочи: Ја изнесов од кола и веднаш почна да уринира, продолжи и во станицата