Изминaa 11 години од трагичната смрт на поп пејачот Тоше Проески, кој загина на 16-октомври, 2007-ма година во сообраќајка кај Нова Градишка, Хрватска.
И после толку години, фановите на Тоше се во неверување за големата загуба, а болката најмногу ја чувствува негово семејство.
Сестрата на Тоше Проески, Дора на својот профил на Фејсбук постојано објавува фотографии и песни од нејзиниот брат, а последно сподели емотивен статус од српска фан страна насловена „Тоше Проески – Балкански анѓел“.
Овој статус е составен од насловите на најголемите хитови на македонската музичка ѕвезда.