Гласањето заврши – познати резултатите за предлогот за пристапување кон измени во Уставот

0

Со десет гласа „за“, седум „против“ и без воздржани Комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Македонија по дводневна расправа го усвои предлогот на Владата за пристапување кон измени на Уставот.

Со третиот заклучок, Собранието и наложи на Владата во рок од 15 дена да подготви нацрт текст на уставни амандмани.

Собраниската седница е закажана за во понеделник и за да се усвои одлуката за пристапување кон измени на Уставот ќе биде потребно двотретинско мнозинство. „За“ гласаа пратениците од парламентарното мнозинство, а „против“ беа пратениците од опозицијата, членови на комисијата.

Со тоа заврши дебатата за уставните измени во Комисијата за уставни прашања која траеше два дена, пратениците на ВМРО ДПМНЕ останаа на своите позиции дека нема да гласаат за уставни измени и за промена на уставното име.Министерот за надворешни работи Никола Димитров кој зборуваше последен ги повика сите пратеници да размислат дали сакаат да ја втурнат земјава во голема неизвеснот и да ја остават надвор од НАТО и од ЕУ.

Претходна статијаФОТО: Апелите на МВР не помагаат – нова тешка сообраќајка со сериозно повредени
Следна статијаВМРО- ДПМНЕ вонредно се огласи: Одиме на избори