(ФОТО)Тешка сообраќајка во Австрија: Македонски автобус се удри во камион, девт повредени

0

 

Деветмина патници се потешко повредени во судирот меѓу македонски автобус и товарен камион утринава околу 6 часот на автопатот близу Линц, Австрија. Според австриските медиуми, во судирот се превртела и кабината на камионот товарен со трупци, а возачот останал заробен внатре.

Во автобусот имало 18 патници. Десетмина, меѓу кои и 4 деца се неповредени. Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот.

Повредените се згрижени во болница, а поради несреќата утринава беше затворен и автопатот кон Линц.

Во македонското Министерство за надворешни работи сè уште немаат податоци за сообраќајката, но велат дека ќе проверат.

Претходна статијаМицкоски: Нашата борба денес е Република Македонија, а нашиот предизвик е да ја сочуваме
Следна статијаСтига сметката за “Шарените” фрлачи на боја – на Мирјана Најчевска и стигнало пријава