ФОТО: Да ви се скрши срце – Тони Цетински емотивно се потсети на Тоше

0

Нѐ напушти на денешен ден пред 11 години. Остана запаметен по неговата скромност и хуманост. Миленик на сите генерации, обожуван на целиот Балкан. Тоше Прески на 16 октомври 2007 година трагично настрада во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, во Хрватска. Имаше само 26 години.

По овој повод, големиот пријател на нашиот Тоше, Тони Цетински не го заборави овој датум и повторно преку социјалните медиуми испрати емотивна порака. Хрватскиот пеач објави колаж фотографии со Тоше и напиш: Засекогаш во моето срце.

За потсетување, минатата година на истиот датум со посвета за својот никогаш преболен пријател напиша:

Драг мој Тоше,

Вечно е прашањето зошто тоа утро во зорите Господ одлучи да те земе тебе?

Еве изминаа десет години откако те нема и неизмерно ни недостигаш.

Голема празнина остана по твоето заминување и никој никогаш нема да ја исполни.

Знаеш ли зошто? Бидејќи ти беше и остана вистински пријател.

Затоа пријателе не прифаќам дека те нема, бидејќи најверојатно така ми е полесно.

Кога сега би биле заедно, знам дека би снимиле заедничка видео честитка за роденденот на мојата мајка и знам дека ќе уживавме и во останатите убави и важни денови на луѓе кои ни се и тебе и мене драги.

Многу би направиле кога би биле заедно.

Знај дека секогаш си покрај мене пријателе и дека си заслужен за секое мое добро дело, драг мој Тоше.

За глупостите и грешките сум заслужен исклучиво јас, ме знаеш мене. Колку и да го извлекуваше секогаш од мене најдоброто и колку и да го правиш тоа понатаму, јас сум понекогаш способен сето тоа да го уништам со наивната верба во луѓето, бидејќи веројатно сите луѓе ги мерат според тебе и според тоа што претставува нашето пријателство. Веројатно и тоа мора да биде така? Не знам и не ме интересира. Знам дека пријател како тебе нема да пронајдам во никого и дека не треба да се трудам или залажувам.

Ти си еден и единствен вистински пријател и така ќе остане.

Знам дека си тука некаде и ти благодарам на сè што правиш. Те сака брат ти.

Ќе засадам, две ружи, нека растат, нека се дружат!

На едната ќе ѝ го дадам името свое, а на другата името твое.

Во знак на пријателството наше, нека цветаат со години…

Ангелите постојат, но бидејќи немаат сите крилја, понекогаш ги нарекуваме пријатели, а ти си еден од нив.

Ако те праша некој што сме сакале од нашата љубов, ти кажи му дека бевме најдобри пријатели.

Ако некогаш горчливо ти заплаче око, ако некој те провреди длабоко, ако некогаш ти затрепери душата, ако нема кој да те слуша, ако некогаш вреснеш во сон, повикај ме и јас ќе бидам тука!

Љубовта е голема, но пријателството е уште поголемо. Луѓето случајно се среќаваат во животот, а потоа заедно делат сè, реката на животот ги носи кај други луѓе, но срцата засекогаш им остануваат покрај вистинските пријатели!

Можеби во животот ќе тргнам по друг пат, можеби таму ќе најдам подобар живот, љубов, среќа, но знам дека таму таков пријател нема да имам!

Никого не можеш да натераш да те сака. Единствено што можеш да направиш е да дозволиш да бидеш сакан. И не е најважно ШТО имаш на животниот пат, туку КОГО.

Насмевни се кога ќе ме видиш, да останеме пријатели. Бидејќи никој не знае што сакавме, никој не знае што бевме… Нашето пријателство е како кула од песок: тешко се гради, лесно се уништува, но прекрасно се обновува!

Јас сум ти пријател и во лоши времиња. Кога и да посакаш, побарај ме, светлината во мракот, сенка сум твоја и вечен пријател за сите времиња.

ТОШЕ ЗАСЕКОГАШ

Претходна статијаУчење на странски јазик за 2 недели – можно е, притоа и без многу мака
Следна статијаМицкоски бара итно да се обрати во Собранието – што ли има да каже лидерот на ВМРО-ДПМНЕ