Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, сѐ почесто можеме да ја видиме низ медиумите, кои го коментираат нејзиниот живот или пак нејзиниот стил. Таа е згодна, а очигледно и под големо влијание на модните трендови.
Александра секогаш внимава на својот изглед и негува едноставен младешки стил, а овој пат имаме можност да ја видиме во една совршена есенска комбинација.
Нејзиниот профил на Инстаграм е отворен за јавноста и нема дилема дека интересот за нејзиниот приватен живот расте секојдневно.
Заева е во врска со Иван Проданов, момчето со кое убавата струмичанка летото го помина во Грција, односно на островот Крф. Александра и Иван се во повеќегодишна врска, тие и во изминатиот период летуваа заедно, а како дестинации ги одбраа Виена и Будимпешта.