Девојчето ми е опседнато од ѓавол, помош барам, помогнете ми

0

Ве молам да ме сфатите сериозно, ова што ќе ви го раскажам не се измислици, ми се случува мене, на моето дете, во мојот дом, сега!

Сè започна пред еден месец. Ќерка ми оди во четврто одделение, примерна и одлична ученичка е. Никогаш сме немале проблем со неа. Убаво е воспитана, тивка, послушна, малку повлечена и срамежлива.

Затоа сите бевме шокирани кога еден ден одеднаш збесна поради една ситница: скрши чаша, сигурно не беше намерно, ама јас малку ја поткарав за да биде повнимателна. Тогаш таа одеднаш почна да вика по мене, се дереше, ме навредуваше, па се сврте по татко и, по него исто почна да истура навреди, па велејќи дека нè мрази од дното на душата ги фрли сите книги од чантата и плачејќи замина во својата соба. Силно ја тресна вратата. Со сопругот бевме шокирани и колку и да се обидував да ја смирам таа се отргнуваше од мене, ми ја удираше раката и ми велеше дека ме мрази.

Плачејќи заспа во креветот, а по некое време стана и седна во дневната, си пушти ТВ како ништо да не се случило. Седнав до неа и ја прашав зошто така ни рече дека нè мрази мене и татко и, а таа ме гледаше зачудено и рече дека никогаш не рекла такво нешто. Не знаев што да си мислам, ама тогаш знаев дека не е на арно.

Втора епизода имавме неколку дена подоцна кога доцна во ноќта не разбуди продорен крик на диво животно. Во паника се затрчавме право кај неа во соба, го запаливме светлото и она што го видовме беше страшно. Ќерка ми беше целата разбушавена, завиваше како волк, очите и беа превртени, се гледаа само белките, а со рацете гребеше по ѕидот. Ја грабнав во раце и почнав да ја тресам. Ме изгреба, ми преташе и ме клоцаше, па ја зеде сопругот. Тој силно ја вклешти и почна да и удира шамари.

Одеднаш моето малечко почна да плаче, плачеше гласно, па цимолеше и најпосле заспа. Јас не можев да се смирам. Со татко и одлучивме веднаш да ја носиме на лекар.
Матичната ја прегледа од глава до пети но не најде никакво заболување. Ја прашуваше за синоќешниот инцидент, но ќерка ми на ништо не се сеќаваше.

Докторката рече дека најверојатно и здивеале хормоните, па ако има некои други симптоми како грчеви или слично, ќе ни напишела упат за да ја снимаме главата.
Ниту таа немаше објаснување за ваквото однесување, па искрено ми рече дека најлошото сценарио што би можело да биде е тумор во мозокот. Се молам да не е тоа.

Се молам сè да е во ред со моето девојче. Пред некој ден ми се јави учителката. Имало инцидент во училиште, а ова не било првпат. Ме праша дали нешто се случува дома, дали се разведуваме, дали има насилство, дали постои нешто поради кое мојата ќерка така нагло го променила однесувањето.

Учителката ми рече дека не може да ја препознае ќерка ми во однесувањето, како да е претворена во некој друг. Не знам што ни се случува. Ќе го носам моето девојче на снимање, што да правам?

Кажете ми што да правам? Дали некој демон го опседна моето дете? Дали има лек за ова? Дали некој друг имал слично искуство? Ве молам помогнете ми!

И.П.

Името и презимето познати на редакцијата. Текстот не смее да се превзема без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаШто се случува? Груевски побегна од Собранието
Следна статијаАпасиев: Тикви со расол е готово – ова е обична тоалетна хартија