На 18.10.2018 година околу 12,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.
Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.
Како што објавивме во текот на вчерашниот ден, глетката била застрашувачка, расфрлани овци на сите страни и многу крв.